Atanas Tchobanov is the spokesman for balkanleaks.eu and co-editor of Bivol.bg as well as a regular writer on WL Central.
Balkanleaks.eu is a whistleblowing Web site modeled on WikiLeaks, and formed to "promote transparency and fight the nexus of organized crime and political corruption in the Balkan states." The site solicits "confidential documents related to political, criminal or financial topics, by offering a manner of collection that is secure and anonymous." Bivol.bg is a Web site devoted to investigative journalism.
In a climate where only three years ago, the editor in chief of a Bulgarian online news provider was severely beaten following several attacks on journalists the same year, both balkanleaks.eu and Bivol.bg have been instrumental in exposing corruption and the abuse of power by organized crime and politicians. You can read some of Bivol's coverage here at WL Central and also here in Bulgarian and Macedonian.
Депешата [09ANKARA1794] е испратена од амбасадата во Анкара и се води како некласифицирана, а напишана е на 17 декември 2009 од тимот за логистика со наслов:
Министерството за Правда за OPDAT (Office of Prosecutorial Development, Assistance, and Training)
Кратко резиме:
Амбасадата во Анкара ќе биде домаќин на тридневна регионална работилница за контра-тероризам за Турција, Бугарија, Македонија, Албанија и Грција од 10 до 12 февруари 2010. Амбасадата во Анкара бара помош од амбасадите за да се осигура соодветно учество на настанот.
Депешата [09ATHENS1717] испратена од амбасадата во Атина на 20 декември 2009 година, а се води како доверлива (CONFIDENTIAL) е напишана од амбасадорот Speckhard и има наслов:
Неформалниот советник на Папандреу ја расветлува внатрешната динамика и регионалните предизвици на Владата на Грција
Американската амбасада во Атина ја дискутирала внатрешната динамика и клучните играчи во администрацијата на Папандреу, како и состојбата во Кипар и Турција со еден од неформалните советници на Папандреу. Советникот истакнал дека на Димитрис Друцас треба да му се даде повеќе време за да работи на проблемот со името на Македонија.
Депешата [09STATE129193] од 17 декември 2009 со потекло од Министерството за внатрешни работи (Secretary of State) класифицирано како доверливо (CONFIDENTIAL) а потпишано од Клинтон, е со наслов:
Средбата од 14 декември 2009 на заменик секретарот Стаинберг (STEINBERG) со шпанскиот министер за надворешни работи Моратинос
Министерот за надворешни работи на Шпанија, Моратинос, побарал средба со заменик секретарот Стаинберг за да ја дискутира ситуацијата во Западен Балкан. Тој ја потврдил шпанската поддршка за Бутмирскиот процес (Butmir process) и побарал благослов од САД за предложената средба во Мадрид на босанските и регионалните лидери. Рекол дека Шпанија ќе заземе не-попречувачки однос кон Косово за време на шпанското претседателство со ЕУ во првата половина на 2010. Заменик секретарот на Америка ја подвлекол важноста на преговорите на босанските партии во Сараево, како и посветеноста на САД на интеграциите на Србија во Евро-атланските структури.
За време на средбата се зборувало за Македонија, и Министерот Моратинос рекол дека скоро имал средба со грчкиот премиер Папандреу, на која Папндреу укажал дека е подготвен да тргне кон решавање на проблемот со името со Македонија. Заменик секретарот Стаинберг потврдил дека слушнал такви извештаи и од други страни и дека премиерот Папандреу треба брзо да дејствува во спорот со името. Исто така сугерирал дека премиерот Папандреу и премиерот Груевски треба да работат еден со друг директно, без посредници. Рекол дека се надева дека двете страни ќе најдат решение, бидејќи се веќе направени мали чекори кон прогрес. Подвлекол дека ЕУ треба цврсто да застане во поддршка на евентуалното решение до кое би се дошло.
Депешата [09SKOPJE621] од 23 декември 2009 е испратена од амбасадата во Скопје, а напишана од Рикер, се води како некласифицирана и има наслов:
Македонија: нов национален акциски план за решение со преостанатите бегалци од кризата во Косово
Десет години по доаѓањето на речиси 350.000 бегалци во Македонија од Косовската криза, Владата на Р. Македонија заедно со УНХЦР Скопје работи на создавање решение за останатите околу 1.600 бегалци и баратели на азил, речиси сите етнички Роми. Во октомври Владата отворила центар за бегалци и донела национален акциски план за интеграција на бегалците до ноември, обезбедувајќи речиси еден милион евра за програмата во 2010. Иако продолжуваат плановите за интеграција, зголемен број бегалци сакаат да се вратат на Косово (од 50 годишно бројот е покачен на 300). Причината за тоа се гледа во независноста на Косово и зголемените интернационални фондови за помош. УНИХЦР Скопје развило стратегија за наоѓање решение на бегалците, а македонските закони за беглаци и баратели на азил се подобриле, со донесување на Новиот закон за бегалци во Парламентот, кој е според сите стандарди на ЕУ и ОН за азил и времена заштита.
Депешата [10ATHENS77] од 3 февруари 2010 е напишана во амбасадата во Атина, класифицирана е како тајна (secret), потпишана е од амбасадорот Daniel V. Speckhard а има наслов:
Амбасадорот до Друцас: покажете му на Вашингтон дека можете
Кратко резиме:
На средбата од 20 јануари помеѓу амбасадорот Speckhard и грчкиот министер за надворешни работи Димитри Друцас, американскиот амбасадор го предупредил Друцас дека мора да му покаже на Вашингтон дека е способен да се соочи со отворените регионални проблеми. Тој го советувал да се подготви да зборува за деталите околу Македонија; какво решение Грција може да понуди за Кипар, и за Турција. Друцас рекол дека се надева оти Вашингтон гледа дека Папандреу прави напори во грчко-турските односи, а како и во случајот со Турција, така и со Македонија, Папандреу се обидува да воспостави лични односи за да се решат споровите. Турција останува приоритет во надворешната политика, а грчката порака до Македонија пред ЕУ средбата во декември била дека „се подготвени, ако и другата страна е подготвена“, но не виделе вистински напор од Македонија за изнаоѓање решение. Друцас ги опишал средбите со македонскиот министер за надворешни, Милошоски, како пријателски и топли. Рекол дека ако треба да испрати само една порака до Скопје, тоа би било да се избегнуваат јавни изјави кои ќе ги нарушат билатералните односи.
Депешата [10SKOPJE6] е испратена на 6 јануари 2010 од амбасадата во Скопје и е напишана од NAVRATIL, се води како некласифицирана UNCLASSIFIED, и има наслов:
Македонија: Охридски рамковен договор
Кратко резиме:
Веќе осум години Охридскиот рамковен договор е клучен инструмент за меѓуетничка хармонија во Македонија. Иако има нецелосна имплементација, се уште е активно средство за намалување на ризици од следен граѓански конфликт. Депешата дава информации за околностите кои довеле до потпишување на Охридскиот рамковен договор, кратко резиме на договорот и како тој се имплементира до денес.
Депешата [10SKOPJE8] од 6 јануари 2010 испратена од скопската амбасада, како некласифицирана, а напишана од NAVRATIL има наслов
MACEDONIA: POST SUPPORTS 1206 PROPOSAL FOR EMBEDDED OPERATIONAL MENTOR AND LIASON TEAM (OMLT) EQUIPMENT SET
Амбасадорот го поддржува барањето на Македонија за FY10 - "Embedded Operational Mentor and Liaison Team (OMLT) Equipment Set за единиците распоредени во ИСАФ мисијата во Авганистан. Македонија во моментот има 163 војника кои служат во ИСАФ, а до 1 април 2010 ќе распореди уште 79 војника како дел од Вермонтската национална гарда.
Депешата [10SKOPJE9] од 6 јануари 2010 година испратена од скопската амбасада, напишана од Навратил (NAVRATIL), се води како некласифицирана и има наслов:
MACEDONIA: COUNTRY TEAM ASSESSMENT FOR PROCURMENT
OF NVDS AND CLOSE COMBAT OPTICAL DEVICES
САД донираат 80 уреди за ноќно гледање (Night vision devices - PVS-17A - 80) и 80 оптички уреди за блиски борби (Close combat optical sight - M68- 80) за поддршка на македонските воени сили кои се дел од Вермонтската национална гарда во Авганистан.
Донацијата е со цел да и се помогне на македонската армија (АРМ) во рамките на ИСАФ (интернационалните безбедносни сили) во Авганистан.
Според депешата, овие уреди не влијаат на воените сили во земјата, ниту ќе предизвикаат реакција од соседите. Нивната донација ќе им помогне на македонските сили во идентификување на пријателските воени трупи на САД и НАТО. Македонија веќе поседува III NVDs, и има безбедносно знаење и процедури потребни за работа со овие уреди, па тие не претставуваат ниту внатрешна закана. За работата со овие уреди ќе биде потребен само 10-дневен тренинг на 2 до 3 лица во земјата, а ќе го изведе регуларниот состав на САД во земјата. За оваа донација не се потребни дополнителни средства од земјата, бидејќи U.S. FY10 NDAA section 1206 authority ги донира уредите.
Во депешата [10SKOPJE40], која се води под некласифицирана, а е испратена од скопската амбасада и напишана од амбасадорот Рикер на 28 јануари 2010 година, под наслов:
Македонија ќе придонесе во Reintegration Trust Fund
(MACEDONIA WILL CONTRIBUTE TO REINTEGRATION TRUST FUND)
Депешата [10SKOPJE52] испратена од скопската амбасада, напишана од амбасадорот Рикер на 4 февруари 2010 година, класифицирана како доверлива (Confidential), е со наслов:
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за тензијата во коалицијата и за проблемот со името
Кратко резиме:
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на средбата на 19 и 20 јануари 2010 год. му кажал на амбасадорот Рикер дека нема напредок во проблемот со името и дека постои конфликт во коалицијата поради разнишаните меѓуетнички односи. Ахмети истакнал дека грубото инсистирање на Груевски околу македонскиот идентитет го повредува ДУИ и дека етничките Албанци не се задоволни од коалицијата на ДУИ со Груевски. Иако фрустриран, Ахмети немал намера да ја напушти Владата, а спомнал дека неговата прва средба со претседателот Иванов била позитивна и прагматична.
Депешата [10SKOPJE53] (некласифицирана UNCLASSIFIED), испратена од скопската амбасада и напишана од амбасадорот Рикер на 5 февруари 2010 во која американскиот амбасадор Рикер ги брифира сенаторите Воинович (Voinovich) и Шахин (Shaheen) за состојбите во Република Македонија е ИДЕНТИЧНА на содржината на депашата [10SKOPJE64] во која амбасадорот Рикер го брифира конгресменот Померојза состојбите во Република Македонија!
Депешата [10SKOPJE64] од 11 февруари 2010 година (некласифицирана) ја напишал амбасадорот Рикер од скопската амбасада и во неа ги сумирал разговорите што ги имал со конгресменот Померој при неговата посета на Република Македонија под наслов:
Евро- атланските напори остануваат блокирани
Кратко резиме:
Амбасадорот Рикер на конгресменот Померој му рекол дека 1. американската долгорочна цел е Република Македонија да биде дел од ЕУ и НАТО, но интеграции се во застој поради проблемот со името; 2. Земјата има затегнати меѓуетнички односи; 3. Во земјата има проблеми со владеењето на правото, и со корупцијата; 4. Спори економски реформи.
Кратко резиме:
Според депешата [10SKOPJE75] од 22 февруари 2010, откако бил известен дека учеството на македонските војници во Авганистан се соочува со поголеми ризици, претседателот Иванов истакнал дека македонските војници се подготвени за поголеми ризици и загуби во Авганистан, но од американските партнери побарал да се подготви стратегија за одговор кон домашните медиуми и кон јавноста околу можните загуби во Авганистан.
Потребата од стабилизација на Авганистан, според Иванов, е важна за Македонија поради две работи: (1) можноста авганистанските екстремни и радикални елементи да се префрлат во Западен Балкан; (2) поради опасноста од движењето на дрогите од Авганистан кон Европа. Воедно, претседателот Иванов ја истакнал својата разочараност од несериозниот пристап на некои европски лидери кон предизвиците на авганистанската безбедност.
Кратко резиме:
Премиерот Груевски пред американските сенатори Воинович и Шахин ја повторил својата доследност за решавање на спорот со името и членството во НАТО, но истакнал дека спорот зависи од поддршката на интернационалната заедница и Америка, како и дека секое решение за проблемот со името мора да помине на референдум. Сенаторот Воинович, кој неодамна имал средба со грчкиот премиер Папандреу, го истакнал приоритетот во брзото решение со името, поради економската криза во Грција која го одвлечкува тамошното внимание од проблемот со името.
Претходните парламентарни избори во Македонија, одржани на 1.07.2008 годин.поминаа, со голем број груби прекршоци. Набљудувачите констатирале дека победата на владејачката и тогашната партија ВМРО-ДПМНЕ била постигната со цената на заплашување и насилство врз гласачите, со измами, со ставање на повеќе гласачки ливчиња од едно лице, или гласачки ливчиња од името на непостоечки гласачи. Терминот кој е употребен во извештајот на Американската амбасада од Скопје [08SKOPJE359] е "ballot-stuffing", што буквално значи "филовите со гласачки ливчиња" и е познат од средината на 19 век во САД, како едно од средствата за манипулација на резултатите од раните години на демократските општества и такви во примарената фаза на својот развој. И покрај повиците на меѓународната заедница и медиумите за слободни и фер избори и осудата на непопреченото спроведување, гласањето во Македонија е прогласено за нормално и законско од власта.
Во програмата детално се опишуваат случаи на убиства во изборниот ден, како и такви на попречување на граѓани да го искористат законското право на глас. Други биле директно заплашувани, откако побарале контакт да се пожалат на меѓународните набљудувачи. Амбасадорката, Џилијан Миловановиќ опишува и ги пренесува потреснате услови, поминаа изборите за парламент пред 4 година - масовно полнење на гласачки ливчиња и согорување на неудобни билтени; употреба на оружје; физички напади врз набљудувачи и државните службеници вклучени во изборите; уништување на цели изборни гласачки кути и гонене на меѓународни и локални набљудувачи на изборите, групни и семејни гласања и сл.
Two cables, exposing the use of the state repressive apparatus by the Macedonian PM Gruevski to quell dissent and the corruption in the Gruevski inner circle, were immediately denied as falsification in an official statement of the ruling party VMRO - DPMNE.
[09SKOPJE601] MACEDONIA: GOVERNMENT USES STATE ORGANS TO ENFORCE LOYALTY AND SILENCE DISSENT
[09SKOPJE332] MACEDONIA: DANGEROUS DRIFT?
The diplomatic reports from the Embassy of Skopje were analyzed and published first by the WL partner's site Bivol and the european portal EurActiv on Friday. Macedonia is preparing for parliamentary elections this Sunday.
The cables are fake and fabricated by the opposition party SDSM and the A1 television, the official Gruevski's party statement claims. According to the text "financial and political interest" are motivating this falsification.
Another pro-government analyst went further in this logic and accused Greek secret services to help SDSM.
Macedonia and Greece has a long running and unresolved dispute about the name of the former yougoslav republic.
Македонската влада на премиерот Никола Груевски и неговиот внатрешен круг систематски го користи правниот и репресивен апарат на државата, за да ги исклучи неистомислениците, открива американски дипломатски извештај добиен од Wikileaks и дели со Bivol.bg и EurActiv.com
Позадина
Тајните Извештаи на САД, добиени од EurActiv и сајтот за истражувачко новинарство бивол, кој објавува ексклузивни материјали на Wikileaks за Балканот, содржат информации за Груевски и неговото опкружување од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кои создаваат "атмосфера на страв" во земјата кандидат за Европската унија.
Филип Т. Рикер, амбасадор на САД во Скопје од септември 2008-ма година, пишува во извештаите од декември 2009-та, дека Груевски ги користел сеопфатните обвиненија за злоупотреби, против официалните членови на македонската политичка елита.
"Јавни апсења, притвори или истраги на сегашни и поранешни министри, партиски членови и членови на опозицијата.Ги постави под притисок македонските политичари да се воздржат од предизвици и критики кон владата на Груевски", пишува Рикер.
Дипломатите на САД во Македонија, исто така, го информираат Вашингтон дека до нив стигнале поплаки од невладини организации, чии членови биле повикани од полицијата на застрашувачки "информативни разговори".
"Покрај тоа, овие тактики се прикажани на македонската јавност како храбри напори на владата да се справи со корупцијата, а со тоа се оправдува јавната поддршка за овие злоупотреби", пишува амбасадор Рикер.
ДУИ: Миjaлков барал етнички судир со Албанците
Политичкиот лидер Али Ахмети, претставник на партијата на албанската етничка заедница во Македонија ДУИ направи силно критичка анализа за управување со земјата пред американскиот амбасадор, станува јасно од дипломатска телеграма од Скопје, од Cablegate, кој е откриен од Wikileaks. Извештајот [09SKOPJE411] е подготвен од страна на Амбасадорот Филип Рикер и е испратен до Вашингтон на 21 август 2009 година.
Амбасадорот е гостување на Ахмети во неговата фарма во планинска област во западна Македонија на 16 август 2009, по повод 8 годишнината од Охридскиот договор (2001 година). Пред него Ахмети го критикуваше премиерот Никола Груевски за застојот во преговорите за името на Македонија и дипломатските односи со Косово. Според Ахмети тоа можеше да им наштети на односите со Србија и Бугарија. Албанскиот лидер побара од амбасадорот да изврши посилен јавен притисок, за да се реши прашањето со името. Од своја страна, амбасадорот забележал дека задкулисните активности може да се поефикасни од јавниот притисок.
Лидерот на ДУИ смета премиерот Груевски за премногу млад и наивен, што се одразува и во донесувањето одлуки.
Ахмети изразил загриженост од влијанието на внатрешниот круг околу Груевски, особено од братучед на Груевски Сашо Мијалков, кој е шеф на тајните служби. Според лидерот на ДУИ, Мијалков има контакти и желба да провоцира "лумпенизирани албански елементи во Македонија", за да предизвика етнички тензии, со што Мијалков да го оправда големи акции против албанската етничка заедница. Занемарување на Мијалков воопшто во однос на етничките Албанци, исто така, било наведено во разговорот.
На овој настан, претседателот Иванов е опишан како "добро момче", но со малку власт и влијание, де факто потчинет на премиерот.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer