Депешата [09SKOPJE621] од 23 декември 2009 е испратена од амбасадата во Скопје, а напишана од Рикер, се води како некласифицирана и има наслов:
Македонија: нов национален акциски план за решение со преостанатите бегалци од кризата во Косово
Десет години по доаѓањето на речиси 350.000 бегалци во Македонија од Косовската криза, Владата на Р. Македонија заедно со УНХЦР Скопје работи на создавање решение за останатите околу 1.600 бегалци и баратели на азил, речиси сите етнички Роми. Во октомври Владата отворила центар за бегалци и донела национален акциски план за интеграција на бегалците до ноември, обезбедувајќи речиси еден милион евра за програмата во 2010. Иако продолжуваат плановите за интеграција, зголемен број бегалци сакаат да се вратат на Косово (од 50 годишно бројот е покачен на 300). Причината за тоа се гледа во независноста на Косово и зголемените интернационални фондови за помош. УНИХЦР Скопје развило стратегија за наоѓање решение на бегалците, а македонските закони за беглаци и баратели на азил се подобриле, со донесување на Новиот закон за бегалци во Парламентот, кој е според сите стандарди на ЕУ и ОН за азил и времена заштита.
Македонија е прва и речиси единствена земја во регионот која прифатила темелен пристап за интеграција на бегалците од Косово, според УНИХЦР Скопје, за разлика од други земји од регионот кои ги условиле идните дипломатски односи со Косово со враќањето на бегалците (Македонија ја признала независноста на Косово во октомври 2008 и воспоставила целосни дипломатски односи.) Дури изненадувачки, немало јавен или политички отпор кон планот, ниту планот за бегалците бил политизиран во земјата, и покрај значајниот буџетски чинител (од речиси 1 милион евра). Бил отворен интегративен центар во скопската населба Шуто Оризари во октомври. Владата се надева на финансиска помош и од интернационалната заедница за развој на центарот и натурализација на бегалците кои сакаат да останат. Сите овие настани се светла точка во меѓу-етничките односи на Балканот.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer