Депешата [09ANKARA1794] е испратена од амбасадата во Анкара и се води како некласифицирана, а напишана е на 17 декември 2009 од тимот за логистика со наслов:
Министерството за Правда за OPDAT (Office of Prosecutorial Development, Assistance, and Training)
Кратко резиме:
Амбасадата во Анкара ќе биде домаќин на тридневна регионална работилница за контра-тероризам за Турција, Бугарија, Македонија, Албанија и Грција од 10 до 12 февруари 2010. Амбасадата во Анкара бара помош од амбасадите за да се осигура соодветно учество на настанот.
Опсежна содржина:
Министерството за правда на САД, OPDAT (Office of Prosecutorial Development, Assistance, and Training), ФБИ, Програмата за помош во интернационалните криминални истраги, (ICITAP) и НАТО центарот се спонзори на серија регионални работилници со фокус на контра-тероризмот и граничната сигурност, почнувајќи од февруари 2010 за источно медитеранските земји. Првата тридневна регионална работилница е закажана за 10-12 февруари 2010 во Анкара, Турција. Земјите учеснички поканети на настанот се: Турција, Албанија, Бугарија, Грција, Македонија и САД. Ова треба да биде првата од серија вакви работилници во сите пет земји од Источниот Медитеран. Идеално, учесниците на овој настан, би ги следеле и сите дополнителни сесии.
Ќе бидат поканети говорители за да дадат презентации и да ги водат дискусиите на врзани теми: трендовите во тероризмот, меѓу-гранични операции, биометрички средства за борба против криминалот, финансирање на тероризмот и криминал со документи. Конференцијата ќе биде организирана така што земјите учеснички ќе ги поделат своите искуства со другите земји, ќе понудат идеи како да се подобри соработката меѓу границите и како да се споделуваат информациите, особено во случаи на тероризам. Работилницата е замислена да понуди можности земјите да развијат посилни врски во борбата против криминалот, да развијат партнерства и да научат едни од други.
Секоја поканета земја треба да прати десет обвинители и law enforcement officers со искуство во областа на контра-тероризмот и граничната сигурност. Учесниците треба да понудат кратки презентации, врзани со нивните земји и најдобро е да знаат англиски.
Амбасадата во Анкара бара од амбасадите во Софија, Скопје, Тирана и Атина да ја испратат оваа покана до нивните министерства за правда.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer