Greece

Wikileaks: Министерството за Правда за OPDAT (Office of Prosecutorial Development, Assistance, and Training)

Депешата [09ANKARA1794] е испратена од амбасадата во Анкара и се води како некласифицирана, а напишана е на 17 декември 2009 од тимот за логистика со наслов:

Министерството за Правда за OPDAT (Office of Prosecutorial Development, Assistance, and Training)

Кратко резиме:

Амбасадата во Анкара ќе биде домаќин на тридневна регионална работилница за контра-тероризам за Турција, Бугарија, Македонија, Албанија и Грција од 10 до 12 февруари 2010. Амбасадата во Анкара бара помош од амбасадите за да се осигура соодветно учество на настанот.

Wikileaks: Неформалниот советник на Папандреу ја расветлува внатрешната динамика и регионалните предизвици на Владата на Грција

Депешата [09ATHENS1717] испратена од амбасадата во Атина на 20 декември 2009 година, а се води како доверлива (CONFIDENTIAL) е напишана од амбасадорот Speckhard и има наслов:

Неформалниот советник на Папандреу ја расветлува внатрешната динамика и регионалните предизвици на Владата на Грција

Американската амбасада во Атина ја дискутирала внатрешната динамика и клучните играчи во администрацијата на Папандреу, како и состојбата во Кипар и Турција со еден од неформалните советници на Папандреу. Советникот истакнал дека на Димитрис Друцас треба да му се даде повеќе време за да работи на проблемот со името на Македонија.

Wikileaks: Macedonia-Greece name issue Амбасадорот до Друцас: покажете му на Вашингтон дека можете

Депешата [10ATHENS77] од 3 февруари 2010 е напишана во амбасадата во Атина, класифицирана е како тајна (secret), потпишана е од амбасадорот Daniel V. Speckhard а има наслов:
Амбасадорот до Друцас: покажете му на Вашингтон дека можете

Кратко резиме:
На средбата од 20 јануари помеѓу амбасадорот Speckhard и грчкиот министер за надворешни работи Димитри Друцас, американскиот амбасадор го предупредил Друцас дека мора да му покаже на Вашингтон дека е способен да се соочи со отворените регионални проблеми. Тој го советувал да се подготви да зборува за деталите околу Македонија; какво решение Грција може да понуди за Кипар, и за Турција. Друцас рекол дека се надева оти Вашингтон гледа дека Папандреу прави напори во грчко-турските односи, а како и во случајот со Турција, така и со Македонија, Папандреу се обидува да воспостави лични односи за да се решат споровите. Турција останува приоритет во надворешната политика, а грчката порака до Македонија пред ЕУ средбата во декември била дека „се подготвени, ако и другата страна е подготвена“, но не виделе вистински напор од Македонија за изнаоѓање решение. Друцас ги опишал средбите со македонскиот министер за надворешни, Милошоски, како пријателски и топли. Рекол дека ако треба да испрати само една порака до Скопје, тоа би било да се избегнуваат јавни изјави кои ќе ги нарушат билатералните односи.

Wikileaks: Американските сенатори го побрзуваат Груевски за проблемот со името

Кратко резиме:

Премиерот Груевски пред американските сенатори Воинович и Шахин ја повторил својата доследност за решавање на спорот со името и членството во НАТО, но истакнал дека спорот зависи од поддршката на интернационалната заедница и Америка, како и дека секое решение за проблемот со името мора да помине на референдум. Сенаторот Воинович, кој неодамна имал средба со грчкиот премиер Папандреу, го истакнал приоритетот во брзото решение со името, поради економската криза во Грција која го одвлечкува тамошното внимание од проблемот со името.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer