Депешата [10SKOPJE6] е испратена на 6 јануари 2010 од амбасадата во Скопје и е напишана од NAVRATIL, се води како некласифицирана UNCLASSIFIED, и има наслов:
Македонија: Охридски рамковен договор
Кратко резиме:
Веќе осум години Охридскиот рамковен договор е клучен инструмент за меѓуетничка хармонија во Македонија. Иако има нецелосна имплементација, се уште е активно средство за намалување на ризици од следен граѓански конфликт. Депешата дава информации за околностите кои довеле до потпишување на Охридскиот рамковен договор, кратко резиме на договорот и како тој се имплементира до денес.
Опсежна анализа на депешата:
Во 2000-та година расте тензијата меѓу етничките Албанци и етничките Македонци пред се во албанските села во северо-западна Македонија. Во јануари 2001 ситуацијата ескалира кога новоформираната ОНА (предводена од Али Ахмети) ја напаѓа полициската станица во Теарце, убивајќи еден полицаец, што доведува до судир меѓу ОНА и македонските безбедносни сили во февруари 2001 во Танушевци. Тоа доведува до поголем воен конфликт во летото 2001, во кој се проценуваат меѓу 100 и 200 мртви и повеќе од 170.000 раселени луѓе.
Во јуни 2001 двете страни постигнуваат договор за прекин на борбите и почнуваат мировни преговори во Охрид, со медијација на САД и ЕУ. Договорот е потпишан на 13 август 2001. НАТО ја разоружува ОНА, а мисијата на ОБСЕ во Македонија ја презема улогата да го надгледува спроведувањето на договорот.
Охридскиот рамковен договор се состои од 9 главни секции и 3 анекси: децентрализација на Владата, недискриминација, подеднаква етничка застапеност во јавните институции, реструктуирање на парламентарните процедури, употреба на јазиците, образование и право на изразување на својот идентитет.
Во годините што следеле, сите Влади во земјата успешно ги спровеле речиси сите делови од Охридскиот рамковен договор, освен во случајот со законот за употребата на јазиците, за кој некои интернационални набљудувачи и некои делови од Владата веруваат дека не е добро формулиран.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer