Миялков

2011-06-03 Wikileaks: Владата во Скопје поттикнува "атмосфера на страв"

Image

Македонската влада на премиерот Никола Груевски и неговиот внатрешен круг систематски го користи правниот и репресивен апарат на државата, за да ги исклучи неистомислениците, открива американски дипломатски извештај добиен од Wikileaks и дели со Bivol.bg и EurActiv.com

Позадина

Тајните Извештаи на САД, добиени од EurActiv и сајтот за истражувачко новинарство бивол, кој објавува ексклузивни материјали на Wikileaks за Балканот, содржат информации за Груевски и неговото опкружување од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, кои создаваат "атмосфера на страв" во земјата кандидат за Европската унија.

Филип Т. Рикер, амбасадор на САД во Скопје од септември 2008-ма година, пишува во извештаите од декември 2009-та, дека Груевски ги користел сеопфатните обвиненија за злоупотреби, против официалните членови на македонската политичка елита.

"Јавни апсења, притвори или истраги на сегашни и поранешни министри, партиски членови и членови на опозицијата.Ги постави под притисок македонските политичари да се воздржат од предизвици и критики кон владата на Груевски", пишува Рикер.

Дипломатите на САД во Македонија, исто така, го информираат Вашингтон дека до нив стигнале поплаки од невладини организации, чии членови биле повикани од полицијата на застрашувачки "информативни разговори".

"Покрај тоа, овие тактики се прикажани на македонската јавност како храбри напори на владата да се справи со корупцијата, а со тоа се оправдува јавната поддршка за овие злоупотреби", пишува амбасадор Рикер.

Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer