Депешата [10SKOPJE8] од 6 јануари 2010 испратена од скопската амбасада, како некласифицирана, а напишана од NAVRATIL има наслов
MACEDONIA: POST SUPPORTS 1206 PROPOSAL FOR EMBEDDED OPERATIONAL MENTOR AND LIASON TEAM (OMLT) EQUIPMENT SET
Амбасадорот го поддржува барањето на Македонија за FY10 - "Embedded Operational Mentor and Liaison Team (OMLT) Equipment Set за единиците распоредени во ИСАФ мисијата во Авганистан. Македонија во моментот има 163 војника кои служат во ИСАФ, а до 1 април 2010 ќе распореди уште 79 војника како дел од Вермонтската национална гарда.
Депешата [10SKOPJE9] од 6 јануари 2010 година испратена од скопската амбасада, напишана од Навратил (NAVRATIL), се води како некласифицирана и има наслов:
MACEDONIA: COUNTRY TEAM ASSESSMENT FOR PROCURMENT
OF NVDS AND CLOSE COMBAT OPTICAL DEVICES
САД донираат 80 уреди за ноќно гледање (Night vision devices - PVS-17A - 80) и 80 оптички уреди за блиски борби (Close combat optical sight - M68- 80) за поддршка на македонските воени сили кои се дел од Вермонтската национална гарда во Авганистан.
Донацијата е со цел да и се помогне на македонската армија (АРМ) во рамките на ИСАФ (интернационалните безбедносни сили) во Авганистан.
Според депешата, овие уреди не влијаат на воените сили во земјата, ниту ќе предизвикаат реакција од соседите. Нивната донација ќе им помогне на македонските сили во идентификување на пријателските воени трупи на САД и НАТО. Македонија веќе поседува III NVDs, и има безбедносно знаење и процедури потребни за работа со овие уреди, па тие не претставуваат ниту внатрешна закана. За работата со овие уреди ќе биде потребен само 10-дневен тренинг на 2 до 3 лица во земјата, а ќе го изведе регуларниот состав на САД во земјата. За оваа донација не се потребни дополнителни средства од земјата, бидејќи U.S. FY10 NDAA section 1206 authority ги донира уредите.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer