Кратко резиме:
Според депешата [10SKOPJE75] од 22 февруари 2010, откако бил известен дека учеството на македонските војници во Авганистан се соочува со поголеми ризици, претседателот Иванов истакнал дека македонските војници се подготвени за поголеми ризици и загуби во Авганистан, но од американските партнери побарал да се подготви стратегија за одговор кон домашните медиуми и кон јавноста околу можните загуби во Авганистан.
Потребата од стабилизација на Авганистан, според Иванов, е важна за Македонија поради две работи: (1) можноста авганистанските екстремни и радикални елементи да се префрлат во Западен Балкан; (2) поради опасноста од движењето на дрогите од Авганистан кон Европа. Воедно, претседателот Иванов ја истакнал својата разочараност од несериозниот пристап на некои европски лидери кон предизвиците на авганистанската безбедност.
Theme by Danetsoft and Danang Probo Sayekti inspired by Maksimer