Wikileaks: Средбата од 14 декември 2009 на заменик секретарот Стаинберг (STEINBERG) со шпанскиот министер за надворешни работи Моратинос

Депешата [09STATE129193] од 17 декември 2009 со потекло од Министерството за внатрешни работи (Secretary of State) класифицирано како доверливо (CONFIDENTIAL) а потпишано од Клинтон, е со наслов:

Средбата од 14 декември 2009 на заменик секретарот Стаинберг (STEINBERG) со шпанскиот министер за надворешни работи Моратинос

Министерот за надворешни работи на Шпанија, Моратинос, побарал средба со заменик секретарот Стаинберг за да ја дискутира ситуацијата во Западен Балкан. Тој ја потврдил шпанската поддршка за Бутмирскиот процес (Butmir process) и побарал благослов од САД за предложената средба во Мадрид на босанските и регионалните лидери. Рекол дека Шпанија ќе заземе не-попречувачки однос кон Косово за време на шпанското претседателство со ЕУ во првата половина на 2010. Заменик секретарот на Америка ја подвлекол важноста на преговорите на босанските партии во Сараево, како и посветеноста на САД на интеграциите на Србија во Евро-атланските структури.

За време на средбата се зборувало за Македонија, и Министерот Моратинос рекол дека скоро имал средба со грчкиот премиер Папандреу, на која Папндреу укажал дека е подготвен да тргне кон решавање на проблемот со името со Македонија. Заменик секретарот Стаинберг потврдил дека слушнал такви извештаи и од други страни и дека премиерот Папандреу треба брзо да дејствува во спорот со името. Исто така сугерирал дека премиерот Папандреу и премиерот Груевски треба да работат еден со друг директно, без посредници. Рекол дека се надева дека двете страни ќе најдат решение, бидејќи се веќе направени мали чекори кон прогрес. Подвлекол дека ЕУ треба цврсто да застане во поддршка на евентуалното решение до кое би се дошло.