Кратко резиме:
Според депешата [10SKOPJE75] од 22 февруари 2010, откако бил известен дека учеството на македонските војници во Авганистан се соочува со поголеми ризици, претседателот Иванов истакнал дека македонските војници се подготвени за поголеми ризици и загуби во Авганистан, но од американските партнери побарал да се подготви стратегија за одговор кон домашните медиуми и кон јавноста околу можните загуби во Авганистан.
Потребата од стабилизација на Авганистан, според Иванов, е важна за Македонија поради две работи: (1) можноста авганистанските екстремни и радикални елементи да се префрлат во Западен Балкан; (2) поради опасноста од движењето на дрогите од Авганистан кон Европа. Воедно, претседателот Иванов ја истакнал својата разочараност од несериозниот пристап на некои европски лидери кон предизвиците на авганистанската безбедност.
Опсежна содржина на депешата:
Генерал мајорот Дубие од Националната гарда на Вермонт ја посетил Македонија од 13 до 17 февруари 2010. Од 1995 Националната гарда на Вермонт е државен партнер на Македонија под програмата за Државно партнерство на бирото за национална сигурност. Целта на посетата била да се дискутира за заеднички воен распоред на 86-тата Infantry Brigade Combat Team (IBCT) со елементи на македонските воени сили во Авганистан со почеток на 27 февруари 2010. Генерал мајорот Дубие се сретнал со претседателот Иванов и со министерот за одбрана Коњановски. Се дискутирало за распоредот на 79-те војници од македонскиот контингент, consisting of a Ranger platoon, кои кон крајот на март 2010 требало да се соединат со Националната гарда на Вермонт во Авганистан. 9-месечниот престој на македонските војници требало да го подигне македонското ISAF учество за 242 војници, а 86-тата IBCT, заедно со македонскиот контингент во него, да биде подготвен за цел спектар операции во регионалната команда Исток. Генерал мајорот Дубие го известил претседателот Иванов дека македонското учество во Авганистан го менува фокусот од тренирање и мониторинг, кон партнерство и цел спектар заеднички операции, воедно известувајќи го претседателот Иванов дека ситуацијата во Авганистан е сериозна и дека македонските војници може да се соочат со сериозен ризик.
Претседателот Иванов, во консултациите со воениот врв, истакнал македонските војници се подготвени за учество во воените акции и дека е свесен дека оваа мисија ќе биде со поголем ризик од претходните. Претседателот Иванов истакнал дека е потребно да се подготви теренот за можните ризици: брзо да се координираат и да се разменуваат информации, за Владата да биде подготвена за реакциите од медиумите и од јавноста по повод можните загуби во Авганистан. Исто така од Вермонтската гарда и од македонскиот армиски врв побарал да се подготват процедури за известување за загубите.
Претседателот Иванов истакнал дека стабилизацијата на Авганистан е важна за македонската национална безбедност поради две работи: (1) опасноста дека екстремните и радикалните елементи од Авганистан може да се префрлат во Западен Балкан. (2) Друга причина за потребата од стабилизација на Авганистан, според претседателот Иванов, е движењето на дрогите од Авганистан кон Европа, што е од особена грижа за Македонија. Воедно, претседателот Иванов истакнал дека е разочаран од несериозниот пристап на неименуваните европски лидери кон предизвиците во авганистанската безбедност.
Амбасадорот Рикер го известил претседателот Иванов дека неговото писмо до американскиот претседател Обама со поддршка за новата стратегија во Авганистан била многу добро примена. Владата на Америка ја цени македонската поддршка и заедничката работа е најдобар пристап во решавање на глобалните безбедносни предизвици.
Министерот за одбрана Коњановски рекол дека распоредувањето на војниците во Авганистан е најзначаен чин во неговото министерство и дека за него, тој има целосна поддршка од Владата и од Парламентот. Свесен е за ризиците, но уверен дека војниците имаат добар тренинг. Спомнал дека на маргините на НАТО министерскиот самит во Истанбул на кратко се сретнал со секретарот за безбедност Гејтс и гордо известил дека Гејтс му честитал за придонесот на македонските војници, како и дека Македонија треба што поскоро да се зачлени во НАТО. Известил и за плановите на Министерството да се реновира зимскиот воен центар на Попова Шапка.
Амбасадорот Рикер му спомнал на министерот Коњановски дека по распоредот на војниците, според техничкиот договор со Централната Команда на САД Македонија треба да ја продолжи ротацијата со следната американска бригада која ќе ја замени Вермонтската 86-та, а мајорот Дибие дал индикации дека тоа ќе биде бригадата од Ајова. Министерот Коњановски му кажал на амбасадорот дека Владата ќе ја го земе предвид ова ротација, но дека се’ уште ништо не е донесено како одлука.
Амбасадорот и министерот Дубие му се заблагодариле на министерот Коњановски за сегашните и претходните акции во Ирак и Авганистан.
Рикер