Wikileaks: Американските сенатори го побрзуваат Груевски за проблемот со името

Кратко резиме:

Премиерот Груевски пред американските сенатори Воинович и Шахин ја повторил својата доследност за решавање на спорот со името и членството во НАТО, но истакнал дека спорот зависи од поддршката на интернационалната заедница и Америка, како и дека секое решение за проблемот со името мора да помине на референдум. Сенаторот Воинович, кој неодамна имал средба со грчкиот премиер Папандреу, го истакнал приоритетот во брзото решение со името, поради економската криза во Грција која го одвлечкува тамошното внимание од проблемот со името.

Опсежна содржина на депешата:

Во депешата [10SKOPJE77] се сумира средбата на американските сенатори Воинович и Шахин со премиерот Груевски околу проблемот со името. Премиерот Груевски ги подвлекол заложбите на македонската Влада за Евро – атлантските интеграции и неговите напори да стигне до грчкиот премиер Папандреу. Сенаторите Воинович и Шахин ги пофалиле македонските напори за градење мултиетничка држава и изразиле благодарност од американска страна за учеството на Македонија во Авганистан. Тие истакнале дека Македонија и Грција треба брзо да стигнат до решение за проблемот со името.

Сенаторите Џорџ Воинович и Џин Шахин на 17 февруари 2010 имале кратка средба со амбасадорот Рикер и неговиот тим, а потоа и со премиерот Груевски. Груевски изразил благодарност до американската Влада за поддршката до Република Македонија кон членството во НАТО и ги уверил сенаторите дека останува доследен на решавање на спорот со името и членство во НАТО.

Премиерот Груевски рекол дека го контактирал грчкиот премиер Папандреу по телефон и му понудил средба кога и да му одговара на грчкиот премиер. Груевски рекол дека сака проблемот со името да се реши во првата половина на 2010, но истакнал дека без поддршка на интернационалната заедница и особено Америка, тоа нема да биде возможно. Изразил жалење дека Грција „сака да го промени нашиот идентитет“. Рекол и дека секое решение за проблемот со името мора да помине на референдум.

Сенаторот Воинович истакнал дека од неговата скорешна средба со грчкиот премиер Папандреу било јасно дека тој покажува разбирање за значењето од брзото решавање на спорот со името, и тоа создава можност за Груевски. Сенаторот изразил загриженост дека политичките проблеми на Грција поради економската криза, може да го одвлечкаат вниманието од проблемот со името, што брзото решение со името го прави уште поважно.

Воинович ја прегледал депешата.
Рикер